Вашата кошничка е празна.
Не се пронајдени настани...
Како да купам карти?
За да купите карти, потребно е да го изберете Вашиот посакуван натпревар на нашиот веб сајт. Кликате на копчето Купи Карта, доколку седиштата се ситни, зумирајте ја мапата од долниот дел (доколку пристапувате од мобилен) преку Zoom и изберете го/ги Вашето седиште/седишта. Откако ќе изберете, кликнете на копчето Кон Плаќање. Проверете добро дали се тие седиштата кои ги избравте. Доколку сте сигурни за својот избор, продолжете кон плаќање.
Ќе ви излезе форма која треба да ја пополните со Ваши податоци на кои ќе ви стигнат картите. Откако ќе ја пополните формата, штиклирајте го последното поле Ги прифаќам правилата и условите поставени во Политиката на заштита на лични податоци и притиснете кон плаќање. Ќе ви излезе прозорец во кој ќе треба да ги вметните податоците од Вашата картичка. Откако ќе ги вметнете податоците, доколку трансакцијата е успешна, ќе ви излезе прозорец од каде ќе може да ги спуштите картите, а истите ќе ги добиете на електронската адреса која ја оставивте на почетокот. Доколку ги нема картите во Inbox, проверете ги вашите Junk/Spam фолдери или контактирајте не во случај да имате проблем со Вашата електронска пошта. Во случај да не ви излезе прозорецот за да ги преземите картите, односно Ви излезе бел прозорец, тоа значи дека трансакцијата не е успешна и картите не се купени, при што потребно е процесот да го почнете повторно. Тоа може да се случи од неколку причини:
а) Погрешно внесени податоци од платежната картичка
б) Истечена картичка или недоволно средства за купување на билетите
в) Немање согласност од Вашата банка домаќин за електронско купување
г) Неподдржување на картичката
Во случаеви под б), в) и г) пробајте со друга картичка или контактирајте не.
Доколку имате прашања или проблеми, Ве молиме да не контактирате на fkpelister@fkpelister.mk
Одбери го твоето место:
Zoom:
1800 ден.